Еден поинаков скопски SHAKE на покривот на Skopje City Mall

|

Sure Shotz во партнерство со Skopje City Mall со гордост го најавува финалето на летната турнеја со најголемиот SHAKE настан годинава, на 7ми септември (среда) на една сосема нова локација – rooftop во Skopje City Mall.

SHAKE е концептуален настан базиран на најновите изданија од хип-хоп и трап сцената кој започна во 2017 во година во форма на клупска журка, за денес да прерасне во фестивал кој преку мини турнеја летово беше пренесен во повеќе градови низ Македонија: од Д Фестивал па се до големото финале во Скопје! На врвот на катната гаража во Skopje City Mall со настапи во живо ќе се претстават некои од најдобрите македонски трап артисти и диџеи, како и специјалниот гостин Хиљсон Мандела од Хрватска.

Хиљсон Мандела се смета за пионер на трап звукот на Балканот и е познат како основач на групата KUKU$. Тој доаѓа во Македонија после подолго време, овој пат на крилјата на соло албумот Mandela Effect кој излезе пролетва и веднаш доби позитивни критики, а според многумина е најдобриот балкански трап албум за 2022 година.

Покрај него, со настап во живо ќе се претстават и основоположниците на новиот звук во Македонија, и тоа за прв пат на ист стејџ по подолго време: Bon Praskiza, Sexy Marsa и Donplaya Sinkata; како и најактуелниот артист од младата генерација во Македонија – Young Dadi. Тој на SKOPJE SHAKE за прв пат во живо ќе го настапи својот нов сингл “5 до 2” кој излезе овие денови и веднаш ги доби симпатиите на пошироката јавност.

За диџејската поддршка во текот на целиот настан е задолжена екипата на Sure Shotz: Shorty P, Irie Scratch, Nasty и Ogipsilon. Настанот ќе биде надополнет со штанд за брза храна од Jojo BBQ’s, а истиот е поддржан од Lucky Strike (Join The Circle) и Red Bull.

Картите се достапни преку продажната мрежа на MkTickets, и истите се во строго ограничен број. Моменталната цена е 450 мкд, а на врата (доколку останат) истите ќе чинат 600 мкд. Вратите отвараат во 20 часот, а програмата почнува од 21 часот во среда на 7ми септември (четврток е неработен ден).

https://mktickets.mk/en/event-en/skopje-shake/

SKOPJE SHAKE ⚡ 07.09.2022
powered by Skopje City Mall

April Fool’s Shake @ MKC aftermovie & gallery:
https://www.instagram.com/p/Cb5b9AHOwqI/

Skopje Shake 2021 @ MKC aftermovie & gallery:
https://www.instagram.com/p/CTU4Z1FnZdc/