Коњ се појави на тераса во Дебар Маало, ЗОО Скопје го згрижија

|

Необичен настан се случи вчера вечерта во скопско Дебар Маало.

Непознато лице оставило коњ во објект во текот на целиот ден. Станари кои живеат во околината на објектот го забележале животното и настанот го пријавиле во МВР, по што на терен излегол и инспектор од АХВ.


Експресна реакција имаше и директорот на скопската Зоолошка градина, Кристијан Стаменов, кој соопшти дека животното ќе биде соодветно згрижено од ЗОО Скопје и ќе му биде пружен хуман третман.