Почнува „Скопје синема сити“

|

Вечерва се отвора петтиот по ред филмски фестивал за документарни дела „Скопје синема сити“, кој ќе трае до 7 септември. Прв филм со кој почнува фестивалот е „Под влијание“ за Кит Ричардс, уште познат и како „срцето и душата на Ролинг стоунси“, а по проекцијата соло-настап ќе има Влатко Стефановски.


Во петте фестивалски денови ќе бидат прикажани десет филма со теми поврзани со гитарата и автори кои го посветиле животот на овој инструмент. Вечерите на фестивалот се поделени на жанрови. Блуз вечерта ќе биде посветена на Роберт Џонсон и Ерик Клептон, а меѓу двата филма настап ќе има блуз дуото „In the Mood”.


Последните вечери се посветени на култни германски брендови но и фолк музиката, кога ќе се чуе т.н. фадото од Португалија со „Мадредеуш“ и Ник Дрејк. Завршната вечер е посветена на рок-бендовите У2 и албумот „Joshua Tree” и „Квин“ со „Боемска рапсодија“.