Силно невреме во Бања Лука

|

Силно невреме, проследено со ветер и грмотевици ја погоди денеска Бања Лука.

Невремето почна во попладневните часови, по сончевото и топло време во првата половина од денот, пренесе „Независне“.

РТРС јави дека ветрот руши стебла, а метеоролозите за почетокот од септември најавија промена на времето и намалување на температурите.