Силно невреме во зафсти Скопје: Низ Бутел одвај се вози, на делови паѓа град со големина на лешник (ВИДЕО)

|

Силно невреме направи хаос низ скопските улици. Во Бутел, возачите сведочат дека едвај се вози поради поројниот дожд. Поплавени се и дел од улиците. Невремето и дождовна бура имаше и во други делови на градот, а некаде паѓа и град со големина на лешнил.

Граѓани јавуваат дека град паѓа во населбата Бутел, и дека за кратко време наврнале големи количини.

Од видеата кои ги објавија Макфакс и Фактор може да се забележи силината на невремето кое го зафати главниот град.