Силно невреме со дожд и град ја погоди Македонија

|

Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека делови од Македонија биле погодени од силно невреме.

-Невреме со грмежи, силен пороен дожд и град во Ресенскиот регион, како и во подрачјето помеѓу Неготино и Радовиш, Свети Николско и во Кумановски регион, информираат од УХМР.

Пороен дожд и силен ветер се забележани и во делови од Скопската Котлина, објави УХМР.