Тој ги сподели своите мудрости со светот: Моќни цитати од Бред Пит

|

Сите го знаеме Бред Пит, Оскаровец со успешна актерска кариера, но пред се’ човек со огромно животно искуство, човек од кој вреди нешто да се слушне и научи.

Познатиот актер сподели неколку моќни цитати:

-Среќата е преценета. Задоволни и во мир – би биле пореални цели.

-По природа, продолжувам да се движам. Мојата теорија е, биди ајкула. Само треба да продолжите да се движите. Не запирајте.

-Кога ќе видите некој, дали само се концентрирате на неговиот изглед? Тоа е само прв впечаток. Има луѓе што не паѓаат во очи веднаш, но разговарате со нив и тие стануваат најубавата работа на светот. Најголемите актери не се оние што би ги нарекле само убави секс симболи.

-Насилен е светот во кој живееме. Не се согласувам дека треба да се обидуваме да го сокриеме или да го прикриеме тоа.

-Семејството е ризичен потфат, бидејќи колку е поголема љубовта, толку е поголема загубата… Тоа е ризик, кој јас го прифаќам.

-Јас сум од оние луѓе што се омразени поради генетиката. Тоа е вистината.

-Понекогаш мора да изгубите сè за да добиете нешто.

-Америка не е држава, туку е бизнис.

-Дали знаете како сфаќате дека вистинска љубов е во прашање? Тоа е кога интересот на другиот го надминува вашиот.

-Жената е одраз на нејзиниот маж. Ако ја сакаш до лудило, таа тоа и ќе стане.

-Имам многу малку пријатели. Имам неколку блиски пријатели и го имам моето семејство и не знаам за живот кој би бил поисполнет.

-Го правиш од тебе тоа што си. Единствено ти имаш контрола врз сопствената судбина.

-Очигледно не сум експерт за врски. Инаку би направил сè на многу поинаков начин … Откако ја изгубив жената што ја сакав, сфатив колку грешки направив и затоа сакам да им дадам на другите мажи неколку совети кои можат да им помогнат да не ја изгубат љубовта кон животот, сподели актерот по завршувањето на бракот со Анџелина Џоли.