Ужас во регионот: Се самоуби 15-годишно девојче

|

Девојче на 15-одишна возраст се самоубила во новопазарската населба Јерка, потврди полицијата за „Блиц“.

Девојчето го пронашле нејзините родители во гаражата од куќата.

Инаку ова не е прв ваков случај периодов. Изминатата недела, девојче (12) се самоуби со бесење во бањата, а татко ѝ го пронашол безживотното тело во семејниот дом во Лазаревац. Брзата помош залудно се обидувала да го реанимира девојчето.

Таткото на девојчето пријавил во полиција дека неговата ќерка се самоубила.

На лице место било утврдено дека девојчето внесело столче во бањата и со јаже се обесило на држачот за туширање.

– На местото на настанот излегла екипа на Итна помош која направила обид за реанимација, но кај девојчето била констатирана смрт на лице место – велат оттаму.

Според првичните информации, на лице место не е пронајдено проштално писмо.