Што ќе наследи Чарлс откако стана Крал, кој е редоследот на наследување на британската круна?

|

По заминувањето на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот најстар син, кој има 73 години, Чарлс го наследи тронот како и нејзиното приватно богатство, колосално наследство што ќе го добие без плаќање данок на наследство, што е привилегија резервирана за наследниците на кралот.

Иако ништо не ги обврзува британските монарси да ги откријат своите приватни финансии, познато е дека Елизабета поседувала лично богатство од 370 милиони фунти во 2022 година, пишува Сандеј Тајмс, односно пет милиони повеќе од претходната година.

Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон и замокот Виндзор, триесет километри западно од Лондон, се државна сопственост. Сепак, замокот Балморал, летувалиштето на кралското семејство и резиденцијата Сандрингем, каде кралското семејство традиционално го слави крајот на годината, биле во сопственост на кралицата и ги наследува Чарлс.

Кралицата поседувала и колекција на кралски поштенски марки вредна околу 100 милиони фунти, според пишување на Тајмс во 2021 година.

Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти).

Познатите скапоцени камења на круната, проценети на околу три милијарди фунти, симболично и припаѓаа на кралицата и автоматски се пренесува на нејзиниот наследник.

Принцот Филип, сопругот на Елизабета, остави поскромно богатство од 30 милиони фунти кога поч ина во април 2021 година. Тој поседувал колекција од околу 3.000 слики, од кои повеќето биле оставени на пријателите и семејството.

Познавачите велат дека Елизабета најверојатно оставила тестамент, а некои помали суми пари ќе наследат членовите на блиското семејство, но не и најголемиот дел од богатството кое му припаѓа на Чарлс.

Редоследот на наследување на британската круна

Откако принцот Чарлс стана крал на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, се помести линијата на наследување на круната.

1. Принцот Вилијам, најстариот син на Чарлс и покојната принцеза Дијана. Оженет е со Кејт, војвотката од Кембриџ. Нивните три деца следуваат по редослед на наследување.

2. Принцот Џорџ од Кембриџ, роден во јули 2013 година.

3. Принцезата Шарлот од Кембриџ, родена мај 2015 година.

4. Принцот Луи од Кембриџ, роден во април 2018 година.

5. Принцот Хари, помладиот син на Чарлс и Дијана.

6. Арчи Маунтбатен-Виндзор, дете на Хари и Меган, војвотката од Сасекс, е роден во мај 2019 година.

7. Лилибет Маунтбатен-Виндзор, родена јуни 2021 година.

8. Принцот Ендру, вториот по старост син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.

9. Принцезата Беатрис, најстарата ќерка на принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон.

10. Сиена Елизабет, ќерка на Беатрис и Едоардо Мапели Моци, родена септември 2021 година.

11. Принцезата Јуџини, помладата ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон.

12. Аугуст Бруксбанк, син на Јуџини и Џејмс Бруксбанк, роден во февруари 2021 година.

13. Принцот Едвард, најмладото дете на кралицата и Филип.

14. Џејмс, виконт Северн, помладото дете на Едвард и неговата сопруга Софи, грофицата од Весекс.

15. Лејди Луиз Маунтбатен-Виндзор, ќерка на Едвард и Софи.

Целиот тркст прочитајте го на Фронт лајн со клик ТУКА.