178 санкционирани возачи во Скопје и 319 санкции за неносење маска

ИЗВОРНов Лист
|

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 30 за управување со брзина поголема од дозволената, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 13 за користење на мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 319 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.