30 години копа канал во селото: Никој не го принудил на тоа, а локалното население ја знае причината (ВИДЕО)

|

Селото во кое живее е далеку од се. Жителите на поголемите села во околината велеа дека „Господ ги крена рацете“ од Котилава затоа што нема ни вода ни струја. Ништо.
И тогаш дојде Лаунги Буџијан, сега пензионер, кој е познат низ целата област Гаја во Индија како „човек-канал“. Имено, Лаунги 30 години копа воден канал користејќи само рачни алатки.

Каналот денес е долг 3 километри. Лаунги знаеше дека никој никогаш нема да се сети на тоа, освен ако тој самиот не земе лопата во раце и да започне да го копа за доброто на заедницата.
Со текот на годините, приказната стигна и до локалниот бизнисмен и милионер Ананд Махиндра, кој покрена иницијатива на социјалните мрежи да започне помош за Лаунги и да купи трактор за него.

– Многу луѓе денес можат да му кажат „благодарам“ нему. Луѓето од областа знаат за нас преку Лаунги. Сите му се благодарни – вели Рам Вилас, професор од тоа село.

Оваа приказна потсети многу Индијци на луѓе како Хуанг Дафа, кој преминувал три планини секој ден во текот на 36 години, за да донесе вода во своето село.