Познатиот пејач Дарко Лазиќ откако ја преживеа тешката сообраќајна несреќа во октомври минатата година, речиси и да го живее својот втор живот.
Откако пејачот „се врати во живот“, овој пат со своите фанови на Инстаграм откри и детали од својот приватен љубовен живот.
Имено тој им откри на фановите дека прославува годишнина од врската со својата девојка Марина Гагиќ која е бремена, а сето тоа го направи преку видео каде во позадина се слушаше македонска музика.
Марина инаку преку фотографија го покажа и големиот труднички стомак и позитивно ги изненади фановите, погледнете.