Албанец (61) ја купил Валентина (19) за 3.000 евра : Сакал жена од 35 години, а еве како помина

ИЗВОРСкопје24
|

Реџеп Кастрати од селото кај Призрен, кога наполнил 61 година решил да се ожени повторно.

Купил млада албанка за да му биде сопруга. Како што изјави за локалните медиуми тој за идната сопруга платил дури 3.000 евра.
Сепак, иако очекувал како што вели жена од 35 години, всушност му донеле 19 годишна девојка.

Приказната за овој човек е уште повеќе интересна по тоа што тој со првата сопруга која починала во 2000 година има 12 ќерки.
Сите негови ќерки се мажени и тој има 50 внуци. Со новата сопруга Валентина пред 4 години го добил првиот син и му го дале името Диамант.