Емисијата „Мода“ на водителот Сергеј Варошлија за некого буди позитивни за други пак негативни спомени.
Остри критики летаат секојдневно, а некои од јавните личности дури и му се налутија, па му возвраќаат на ударите. Секако дека има и такви кои ги прифаќаат неговите совети но се многу ретки. Една од тие личности беше водителката на Канал 5, Јелена Спенџарска каде Сергеј не се штедеше да и каже дека шминката, фризурата и облеката која таа ја носи воопшто не прилега. Но, сите знаеме какви се неговите критики на ваква тема.
Но, со исклучок Јелена за разлика од останатите дами кои се јавни личности, е единствената која не се огласи по неговите остри коментари на сметка на изгледот, барем јавно, туку напротив по некое време ја прифати критиката и го промени она што тој и го посочи.
Па така во едно од поновите изданија на емисијата „Мода“, Варошлија издвои неколку фотографии од Спенџарска за кои ја пофали како се променила, а притоа дополнително и посочи дека многу повеќе и прилега „уличната мода“ односно „street style“ изгледот.
Можеби едноставно не треба да му возвраќаат, па останува или послушајте ги неговите совети или едноставно терајте по свое.