Публиката не ја одбра Холандија за победник, ако се земат во предвид само гласовите на публиката ќе победеше држава која не беше во првите три

ИЗВОРСкопје24
|

Овогодинешното издание на Евровизија која се одржуваше во Тел Авив, може да се каже дека беше најнеизвесно до сега.

Откако речиси цела вечер нашата претставничка Тамара Тодевска беше на врвот на табелата, одеднаш дојде до пресврт, по што победи Холандија, односно претставникот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Но едно е сигурно, да се прашуваше само публиката тоа не би било така.

Доколку гледаме според гласовите од публиката ќе заклучиме дека, таа се одлучила за песната која што воопшто не беше ни во фаворитите.

Според резултатите од гласањето на публиката од сите земји учеснички на Евровизија се покажа дека на гледачите најмногу им се допадна песната која не се најде ниту во првите три места, односно преку телеволтингот Норвешка добила дури осум 12-ки. Норвешка годинава на Евровизија ја претставуваше групата „Keiino“ со песната „Spirit in the Sky“ која доби вкупно 291 поен од публиката.

Норвешка со комбинација од гласовите од публиката и стручното жири заврши на петтото место, што беше изненадување на вечерта.

Само една земја имаше повеќе 12-ки во финалето од публиката, а тоа е Русија која ја претставуваше Сергеј Лазарев, оваа земја доби дури 11, 12-ки, додека во првите три места се најде и Италија чии бои ги бранеше Махмуд.