Македонскиот ракометен првак Вардар за нешто помалку од еден час ќе го започне своето второ финале во битката за втората еропска круна по таа во 2017 година на фајнлфорот во Келн против унгарски Веспрем, а најверните навивачи на црвено-црните веќе го најавија дочекот – утре на полноќ на скопскиот аеродром.
Без оглед како ќе заврши денешното финале, Вардарци се херои зашто одиграа сезона од бајките во турбулентна година практично без да видат денар, но на теренот делуваат толку моќно како сѐ да е на највисоко ниво. Ракометарите утревечер слетуваат во 23.55 часот, а Комити ги повикаа сите кои сакаат да се приклучат на големото дефиле, но и побараа од сите превозници, јавни и приватни да излезат во пресрет на сите тие што сакаат да ги пречекаат хероите.
„Утре, 3 Јуни, во 23:55ч. Црвено-Црните Херои слетуваат на Аеродромот Александар Велики!
Повикуваме Сите оние кои планираат со приватни возила да одат на пречек, во големо Дефиле утре организирано заедно да се упатиме кон Аеродром.
Воедно Апелираме до сите превозници, пред се Јавни но и Приватни, да излезат во пресрет, и сите оние кои сакаат да ги пречекаат на Аеродром а немаат сопствен превоз да можат да бидат покрај своите Јунаци.
Собир – Сала Јане Сандански во 22:00ч. !!!
ПОАЃАЊЕ 22:30ч!“, се вели во објавата на Комити.
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО !!!Утре, 3 Јуни, во 23:55ч. Црвено-Црните Херои слетуваат на Аеродромот Александар…
Gepostet von Komiti Skopje am Sonntag, 2. Juni 2019