Сончево и топло време со високи температури

ИЗВОРСкопје24
|

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде меѓу 11 и 19, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 31 степен.

УХМР најавува дека под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи и услови за изолирана појава на град.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ВАЖНО: Од 5 јуни 2019 година, автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци. Апел до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација. Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СОСТОЈБА – СКОПЈЕ:

Во сабота, на 08.06.2019 од 18 до 19 часот ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијална велосипедска трка во центарот на Скопје, од бул. Борис Трајковски до Градски парк преку бул. Илинден.

Со цел изведување на градежни активности (асфалтирање на завршен слој) на ул. „Димитрие Чуповски“ потег од раскрсница бул. „ВМРО“ со ул. „Димитрие Чуповски“ до крстосница бул. „Климент Охридски“ со ул. „Димитрие Чуповски“ во Петок 07.06.2019 почнувајќи од 07:00 часот наутро до 07:00 часот 08.06.2019, согласно времен сообраќаен режим ќе бидат затворени три коловозни ленти и тоа: две ленти во правец Центар – студентски дом Кузман Јосифовски Питу и една лента во правец Кузман Јосифовски Питу према Центар. Возилата што се движат од Центар према Кузман Јосифовски Питу ќе мора да вртат десно на крстосница бул. „ВМРО“ со ул. „Димитрие Чуповски“ и да возат према бул. „Партизански одреди“, додека возилата што се движат од студентски дом Кузман Јосифовски Питу према Центар ќе се движат во една (крајна десно) лента. Исто така возилата што се движат во правец по улица Васил Главинов према крстосница со ул. „Димитрие Чуповски“ на истата ќе можат да одат право према бул. ВМРО и лево према Центар. Вртењето десно за нив ќе биде забрането.

Исто така во Сабота 08.06.2019 со почеток во 07:00 часот наутро до 07:00 часот 09.06.2019 ќе бидат затворени три коловозни ленти и тоа: две ленти во правец студентски дом Кузман Јосифовски Питу – Центар и една лента во правец Центар према студентски дом Кузман Јосифовски Питу. Возилата што се движат од Центар према Кузман Јосифовски Питу ќе се движат по една коловозна лента, додека возилата што се движат од студентски дом Кузман Јосифовски Питу према Центар ќе свртат лево или десно по бул.Св.Климент Охридски. Исто така десните вртења од бул.Св.Климент Охридски кон ул.Димитрија Чуповски ќе бидат забранети, односно возилата ќе продолжат право по булеварот.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје известува дека деновиве ќе почнат градежните активности за реализација на проектот изградба на водоводна мрежа во „Индустриска зона Визбегово-Делница 3“, во Општина Бутел, каде што поради градежните активности на одредели локации ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, оттука ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.

Екипите на Град Скопје го реконструираат коловозот на улицата Љубљанска, во општина Карпош, па поради тоа сообраќајот ќе се одвива под привремен сообраќаен режим, се до завршување на градежните работи.

ЦУКС известува дека отопочнати се градежните активности за реконструкција на коловозот на дел од ул. “Димитрија Чуповски” во Општина Центар и тоа од крстосницата со улиците Васил Главинов и Даме Груев кај Т.Ц. Палома Бјанка до крстосницата со бул. Свети Климент Охридски, па на овој потег е воведен и времен сообраќаен режим. Времениот сообраќаен режим ќе се спроведува етапно, прво во едната насока, па потоа во другата, ќе биде воспоставен од почнување на градежните активности од 7 часот наутро, до 17 часот попладне. Привремената измена на сообраќајот ќе важи до завршување на градежните работи, односно околу 45 работни денови.ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Во тек се и градежни активности за санација на коловозот пред семафорите на крстосницата помеѓу булевар Александар Македонски и 16-та Македонска бригада, во насока на движење од влез на Скопје кон клучката Континентал, па оттука на дел од крајната десна сообраќајна лента воспоставен е и времен сообраќаен режим, што ќе важи до завршување на активностите.

ЦУКС известува дека од 19.04. во наредните 4 (четири) месеци ДГТ ЖИКОЛ дооел Струмица и ЈП „Водовод и Канализација“-Скопје, ќе отпочнат со изведба на градежни активности за реконстукција на водоводна мрежа по ул. Елисие Поповски од ул. Мајка Тереза до ул. Киро Гаврилски, каде што до завршување на проектот, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, па оттука сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

ЦУКС известува дека од 08.05 ќе отпочнат градежни активности за изградба на атмосферска канализација долж улица Кузман Шапкарев од крстосница со улица Ѓорче Петров до крстосница со улица Црногорска , како и долж улица Црногорска од крстосницата со улица Кузман Шапкарев до крстосницата со улица Панајот Гиновски. Градежните активности долж улицата Кузман Шапкарев и на дел од улица Црногорска во Општина Ѓорче Петров, ќе се изведуваат во наредните 4 (четири) месеци, а на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим.

ЦУКС известува дека од 10.05 ќе отпочнат градежни активности на дел од ул. Алжирска во Општина Карпош, па на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим. Градежните активности ќе траат 90 дена, а ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

РАБОТИ НА ПАТ:

Виадукт Трејд известува дека од 07.06.2019 изведува градежни активности при поставување на индуктивни јамки на патот А3, патен правец Превалец – Македонска Каменица, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Mакедонијапат известува дека од 29.05.2019 (среда) во наредните седум работни дена ќе се изведуват градежно асфалтерски активности на Регионалниот патен правец Р2137, на делот помеѓу млекара Дуброво и село Војшанци. За време на изведувањето на асфалтерските работи во целост ќе биде во прекин сообраќајот од 10 до 16 часот. Како алтернатива ке се користи патниот правец Демир Капија – Корешница. На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Виадукт Трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип, при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за рушење на стара наплатна станица Градско во период од 20.05.2019 до 17.08.2019 на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај.

Од 20.05.2019 година, на патниот правец Р2234 Јегуновце – Радуша ќе се изведува надградба на коловозот со нов асфалт во време траење од 30 дена.

Виадукт трејд известува дека од ден 15.05.2019 се започна со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1402, делница Ново Село – граница Бугарија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт трејд известува дека од 10.05.2019 се започна со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1401, Струмица – Раброво за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Страбаг АГ известува дека на 06.05.2019 се започна изградбата на ЛОТ 7 Рехабилитација на магистралниот пат А4 Штип – Радовиш на потег од клучка Штип Југ (Софилари) – Бучим (км5+000 до км28+560)

Виадукт трејд известува дека од ден 07.05.2019 се започна со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат А1, делница Демир Капија – Удово (близу тунелите) за што има променет режим на сообраќај.

ГД “Гранит” АД Скопје известува дека од 06.05.2019 г. ќе изведува градежни работи – Рехабилитација на Регионален пат P1205, делница Крупиште – Пробиштип.

Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија – Гевгелија)
-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино – Гевгелија)

Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот премин Пресека и с.Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с.Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на потег од бензиска пумпа МакПетрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с.Вруток, Општина Гостивар.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ЈП Македониапат известува за реконструци надградби и сананации следниве патни правци Р1206 Синичане-Пирок-Врапчиште, и на патниот правец А2 крак врска со Неготино.

Штрабак врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово-Попова Шапка кој ќе трае до крајот на 2019 год.