Вардар е Европски шампион, а реакциите на противниците кои им се воодушевуваат на вардарци не стивнуваат. Уште еден ракометар од светска класа, Французинот Кентин Мае на прес-конференцијата на својата репрезентација на прашање од новинарите не штедеше пофални зборови за Вардар.
Иако Мае имаше перфектна реализација во финалето, сепак, и тоа не беше доволно Веспрем да стигне до трофеј.
„Многумина сметаа дека сме фаворити. Горд сум што играв за трофејот бидејќи нашиот пласман во финалето воопшто не беше очекуван со оглед на тоа како ја почнавме сезоната. Она што Вардар го направи е импресивно. Останува само да им честитаме. Со осум-девет играчи кои го одиграа најголемиот дел од сезоната – тоа е неверојатно. Момците се како машини. Тие ја заслужија победата“, рече Кентин Мае.
Тој со колегите од репрезентацијата на Франција ќе ги одиграат последните два натпревари од квалификациите против Литванија на гости и против Романија на домашен терен за потврда на првото место во квалификациската група.
Најмоќните 147 секунди: Како Вардар дојде до тронот? (ВИДЕО)
Вардар повторно успеа да ја покори Европа и да го освои вториот трофеј во Лигата на Шампионите.
На завршниот турнир кој се одигра во „Ланксес Арената“ Вардар успеа во големото финале да ја победи екипата на Веспрем (27:24). Претходно во полуфиналето, после еден голем пресврт ја совладавме и Барселона (29:27).
На тој начин црвено-црните станаа Европски шампиони.
Како ЕХФ го виде настанот во Келн, преку посебно видео во траење од 147 секунди, погледнете ТУКА.