Една жена од Охајо го насамарила својот сопруг со лажна змија, а неговата реакција станала хит на социјалните мрежи.
На снимката која настанала пред десетина дена се гледа маж како отвора поштенско сандаче, а потоа вреска и паѓа на задникот од страв бидејќи помислил дека станува збор за вистинска змија.
Снимката од надзорните камери прикажува и како тој ѕирка во сандачето неколку пати пред да одлучи да се соочи со змијата, но набрзо сфаќа дека станува збор за шега.
Неговата сопруга за “ViralHog” објаснила дека ова било само “освета” за неговите шеги.
“Сопругот и јас постојано си смислуваме шеги, а некои успеваме и да ги снимиме”.
Таа објаснила и дека реакцијата на нејзиниот маж била таква бидејќи тој има страв од змии. На крајот од видеото се слуша и неименуваниот сопруг како вика дека тоа не е смешно.