Капитенот на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Серхио Рамос, вчера со ожени со својата долгогодишна девојка, Пилар Рубио, која е осум години постара од него и тоа на фантастична церемонија која се одржа во катедралата во Севилја.
Според медиумите, ова е спортска венчавка на деценијата, на која присуствувале околу 500 гости, а кои уживаа во звуците на светски популарниот бенд „Еј Си/Ди Си“. Меѓу гостите се најдоа имиња на поранешни ведети како Предраг Мијатовиќ, Фернандо Јеро, Дејвид Бекам, соиграчот Лука Модриќ, но го немаше Зидан, Бејл и Карвахал, кои исто така имаа покани да присуствуваат. Не беше ниту Кристијано Роналдо, кој според новинарите, не ни добил покана поради кавгата со Рамос по преминот од Реал во Јувентус.
Се шпекулира дека славниот пар, кој е во врска од 2013 година и кој веќе има три деца, им забранил на гостите да користат мобилни телефони, кои морале да бидат оставени на влезот.