Вака изгледаше свадбата на шеф Никола од „Брза кујна

ИЗВОРСкопје24
|

Еден од нашите најдобри готвачи, кој публиката го препознава по кулинарското шоу „Брза кујна“, шеф Никола официјално стави крај на ергенскиот живот и заплива во брачните води.

Имено, пред некое време тој во емисијата најави дека наскоро ќе се жени со својата сопруга Стефанија, а викендов се случи и свадбата. На социјалната мрежа „Фејсбук“ неговите пријатели објавија фотографии од свадбата на македонскиот готвач и открија дел од атмосферата.

Никола облечен во одело, а Стефанија во бел фустан со поришок долен дел уживаа во нивниот важен ден…

А вака изгледаше нивниот прв свадбен танц….

Меѓу присутните на свадбата се најде и неговите колеги од „Брза кујна“, Александра Илиевска и Марк.

Парот сигурно уживал во свадбената прослава и најубавите моменти ги сподели со најблиските. Инаку, Никола и Стефанија го очекуваат своето прво дете и наскоро повторно ќе имаат повод за славење.