(ВО ЖИВО) Галичка свадба: Својата љубов ќе ја крунисаат Марина и Огнен

ИЗВОРСкопје24
|

Со китење на бајракот, вчера почна 46. традиционална манифестација – Галичка свадба на која во духот и традицијата на мијачките обичаи својата љубов ќе ја крунисаат Марина Петровска и Огнен Караѓозоски.

Следете ја во живо свадбата.

Gepostet von МЗ Галичник / MZ Galichnik am Samstag, 13. Juli 2019

И оваа година во Галичник средиштето на мијачијата така ќе се означи почетокот на уште едно издание на културно-туристичката манифестација „Галичка свадба“ . Акцентот ќе падне на љубовта која ќе биде мотив за сватовите да заиграат на ритамот од старата, повеќевековна свадбарска езгија.

На 46-тото издание во центарот на вниманието ќе бидат зетот Огнен Караѓозовски и Марина Петровска. Токму на оваа двојка од уште две други, Советот на месна заедница Галичник први им рекоа: Нека ви е со среќа.

Марина и Огнен на годинешната Галичка свадба, ДА ќе речат, узда ќе стават, леб ќе замесат и коњ ќе јавнат.

За годинешните младенци се знае дека нивната љубов започнала кога заедно работеле во хотелиерство и сега живеат во Скопје. Марина има потекло од Крива Паланка, но одамна е преселена, а Огнен има потекло од едно големо галичко семејство. Тој во повеќе наврати бил вклучен во органзиацијата на претходните свадби и учествувал како статист.