Германци доаѓаат во Македонија: Ве обучуваат и ве носат кај нив на работа

ИЗВОРСкопје24
|

За да го реши недостатокот на негуватели, Германија ќе започне со школување на кадри во трети земји. Како можен кандидат за овој проект се споменува и Македонија.

Германија сака во странство да школува негуватели кои потоа би ги вработувала во своите домови и болници. Четири земји, меѓу кои и Македонија, фигурираат како потенцијални кандидати за соработка.

Германија со години се соочува со голем недостиг на негувател(к)и, па министерот за здравство Јенс Шпан одлучи со нова иницијатива да се обиде да го редуцира проблемот.

„Од буџетот добивме дополнителни 9 милиони евра. Со нив можеме да побараме партнери за соработка за школи за негуватели во странство“, изјави Шпан за весникот „Рајнишен пост“.

Планот на Шпан е неговата земја во странство да финансира обука и учење на германски јазик на потенцијални негувател(к)и.

„Во идеална варијанта, со завршувањето на обуката тие би започнале со работа во Германија“. Како можни земји-кооперанти германскиот министер за здравство ги наведува Косово, Македонија, Филипините или Куба.