Посвоиле 5 годишно девојче, но кога добиле свое дете ја вратиле во дом

ИЗВОРnovlist.mk
|

Овие деца кои и онака не се помилувани од судбината, наместо да добијат љубов од семејствата кои не можат да имаат деца, за жал понекогаш поминуваат уште поголем пекол. Овој настан ги расплака сите во регионот.

Тажна приказна доаѓа од Хрватска. Верувале или не, брачен пар посвоил детенце од Домот за деца без родители, а потоа го вратиле бидејќи добиле свое. За приказната да биде уште потрагична, парот се решил да ја врати малата Маја во Домот откако две години ја чувале иносела радост и среќа во нивниот дом.

Како што велат експертите и психолозите за Јутарни лист, Маја спаѓа во категоријата најнесреќни дечиња. Маја како двомесечно бебенце завршила во Домот, кога нејзината тогаш осумнаесетгодишна мајка ја оставила бидејќи не можела да се грижи за неа. Мајката завршила во психијатриска болница, а таткото не можел сам да чува дете и да се справи со ситуацијата.

Се чинело дека дошло крај на страдањата на петгодишното девојченце кога била сместена во згрижувачко семејство. Од Центарот за социјални работи велат дека кога имала три години, а семејството туку што се вратило од летување, се шокирале од она што го виделе кога биле во домот на констрола. Навидум среќното семејство било хорор за малата Маја бидејќи социјалнит работници кога таа се соблекла да мочка, виделе модринки по нејзиното тело.

Маја била вратена во Домот, а за случајот била известена полицијата. По фијаското со ова семејство, се појавил друг пар кој сака да му даде љубов на детенцето, но и оваа приказна завршила неславно.

По две години ја вратиле во Домот бидејќи добиле свое дете.