Неодговорноста е една од оние карактеристики кои никој не ги сака, меѓутоа, постојат личности кои се повеќе неодговорни од другите и едноставно тоа не можат да го променат.
На таа негативна карактеристика доста влијае и хороскопот, а титулата за најнеодговорен знак на зодијакот му припаѓа на Стрелецот, познат по тоа дека го прави она што го сака, бидејќи секогаш верува во среќа.
Повеќето Стрелци е добронамерни и пријателски настроени, но нивниот слободен дух ги тера во погрешен правец од обврски и одговорност. Тие пред сè сакаат добро да се забавуваат, а нивниот владетел Јупитер во астрологијата е познат како планета на среќни околности.
Нејзиното позитивно делување Стрелците го чувствуваат уште од мали нозе, па од секогаш имаат чувство дека ги штити нешто моќно. Од таа причина најмалку се трудат околу постигнување успех, извршување обврски и планирање на деловни стратегии, бидејќи се убедени дека сè ќе се одвива онака како што тие сакаат. Тоа најчесто и навистина се случува.
Делувањето на Јупитер, колку и да е добро, во овој случај може да биде препрека, бидејќи Стрелците престануваат да ги исполнуваат ветувањата и должностите, очекувајќи дека на крајот и онака сè ќе заврши во нивна корист.
Со нив е забавно, но луѓето најчесто се изморуваат следејќи ги, па може некое време и да ги избегнуваат.