Санкционирани 243 возачи и регистрирани 697 прекршоци за неносење маска

ИЗВОРНов Лист
|

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 санкциja, 16 мерки за нерегистрирани возила, 9 санкции за користење на мобилен телефон, 60 мерки за непрописно паркирани возила, 45 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Во текот на изминатото деноноќие (10/11.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 697 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.