ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ СТУДОТ ПОЛЕКА ЌЕ ПОПУШТА – СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 1 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Утре доцна попладне и навечер на планинските места ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег.Ќе дува слаб до умерен, а во четврток Долж Повардарието и на исток повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималните температури и понатаму ќе бидат доста ниски и понекаде ќе се спуштаат под -10 степени, додека максималните ќе бидат во пораст, особено од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.