Боксерите на Вардар во четвртото коло од Регионалната Боксерска лига, вчера во 19:00 часот во Арената ,,Борис Трајковски” убедливо ги победија боксерите од Сараево кои ни гостуваа на домашен терен.
Победата ја донесе ударната тројка на Вардар, боксерите: Јасин Лама (64кг), Лео Јовановски (75кг) и Арсим Етеми (81 кг). Истите иако беа настинати и преморени од силниот меѓународен турнир ,,Златна Ракавица” на кој учествуваа само пред неколку дена, истите го оставија срцето во рингот и доминантно ги победија своите противници, притоа покажаа како се сака градот и државата.
Оран Јашаровски во категоријата до 60 кг исто така избоксува одлично со својот противник, но за жал судиите беа малку неправедни и не му ја доделија победата.
Селекторот на клубот и воедно селектор и на македонската репрезентација, професорот Калач Руждија макотрпно работеше со боксерите изминатите 4 месеци и благодарејќи на неговиот ангажман боксерските успеси почнаа да се нижат.
Секоја чест и за преостанатите боксери кои заедно ги одбранија боите на клубот ,,Вардар”, кој ја претставува Македонија во регионот како најсилен боксерски клуб.
Боксерите имаа генерално успешна година, со многу настапи и успеси.
Наредната година боксерите ќе бидат учесници на Балканското првенство, на Медитеранските игри и на други големи натпреварувања.
Се надеваме дека истите ќе не израдуваат со медал од големите натпреварувања кои претстојат во 2022 година!