Мајката на Роналдо не дозволува Џорџина да се венча со нејзиниот син – ја наведе и причината за тоа

|

Џорџина Родригез е главна ѕвезда на новиот документарен филм на Нетфликс “Јас сум Џорџина” во кој се прикажува нејзиниот живот. За деталите на нивната врска проговорила во докуменарецот, а и понатаму се зборува за причините зошто Роналдо и таа не се венчани.

Од друга страна, шпанските медиуми наведуваат дека причината е мешањето на мајката на Роналдо, Долорес Алвеиро бидејќи смета дека Џорџина ќе профитира од бракот со Роналдо. Како што се зборува, Роналдо и Џорџина имаат добар однос, меѓутоа оваа убавица и понатаму чека нејзиниот партнер да го постави судбоносното прашање.

“Моментално сме зафатени со животите на нашите деца, но и некои идни планови за кои не можам да зборувам”, рекла таа.