|
Вчера, волонтерите на Тимот за одговор при ката строфи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен и Супермен, а потпомогнати секако од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести и ги изненадија најмладите.
На малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пекети за претстојните празници кои ни дледуваат, а тие ги пречекаа со голема насмевка на лицето, па барем на момент ја почувствуваа празничната магија.
Настанот се одржува по четврти пат и е традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје
Не треба многу за да усреќите некого. Бидете и вие нечиј херој!