Tрикови со кои повеќе нема да ви се собира прашина во домот

ИЗВОРНов Лист
|

Бришењето прашина ретко на кого му претставува задоволство бидејќи вие ја бришете, а таа повторно паѓа и изгледа како залудно да ја правите таа работа.

Но, ако веќе сте се потрудиле да ја исчистите куќата од прашина, тогаш треба да внимавате на некои работи за да помине повеќе време пред таа повторно да се наталожи. Еве кои трикови да ги искористите за да ви се собира помалку прашина во домот.

Исчистете ги греалките и клима уредите – Во нив се крие огромна количина прашина, што значи дека кога вие ќе ја исчистите куќата, прашината повторно ќе излезе од овие уреди и ќе се наталожи на предметите низ вашиот дом. Поради тоа, пожелно е одвреме-навреме да ги чистите овие уреди со правосмукалка.

Не бришете прашина на суво – Во овој случај прашината само ќе се разлета и ќе се премести на друга површина. Поради тоа, секогаш бришете прашина со влажна крпа бидејќи на тој начин честичките ќе се залепат на крпата.

Наместо да нанесувате директно врз мебелот, прво испрскајте од спрејот на крпа и така нанесете го на мебелот.

Редовно менувајте го филтерот на правосмукалката – Филтрите се дизајнирани да ги собираат и да ги задржуваат честичките прашина.