Богдан профитира по врската со Цеца – Заработува и по 400 евра за 24 часа, еве како

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ по една година љубов ставија точка на врската, а тој сега на својот Инстаграм профил покажа како профитира по раскинувањето.

Богдан Срејовиќ нашироко го рекламира својот бизнис кој неодамна го започна, па деталите ги објавува на својот Инстаграм профил.

Имено, Богдан Срејовиќ со денови е контактиран за да рекламира одредени производи на својот Инстаграм, кој го следат речиси 35.000 луѓе, што тој со задоволство го прави.

Така и овој пат Богдан рекламираше еден производ, а цената за рекламирање варира и се движи од 150 евра до 400 евра, а ако се објави на ѕидот на профилот може да се земат и до 700 евра.