Актерката Јелена Јованова покажа колку пораснало нејзиното синче

|

Македонската актерка Јелена Јованова, која публиката ја засака најмногу по улогата во серијата Преспав, Јелена од Драчево, веќе одредено време живее на релација Македонија-Хрватска.

Таа се омажи со хрватскиот колега, актерот Стјепан и се пресели да живее со него во Хрватска.

Плод на нивната љубов е синот Јаков.

Јелена и Стјепан досега го немаат покажано лицето на Јаков, но публиката доби можност да види колку пораснал.

Имено, актерката сподели нивна заедничка фотографија од прошетката покрај море во Сплит.