Повеќе измени: Кои заштитни мерки уште важат, а што е укинато?

|

Владата на Република Mакедонија минатата недела ги усвои дел препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со болеста, па беа донесени донесени следните заклучоци:

-да се започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од болеста, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

-Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

-Да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани. Театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично.

-Да се укине обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори.

-Да се укине мерката за задолжително поседување сертификат/потврда (за извршена им*низација, односно примени две дози или сертификат/потврда за прележана болест во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отворено. За затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за им*низација или за прележаност.

-Согласно актуелната епидемиолошка состојба, прифатено е барањето на Министерството за внатрешни работи, полицијата и армијата да продолжи со обезбедувањето на здравствените центри и ва* циналните пунктови, а да престане надворешното физичко обезбедување на одделни КО ВИД капацитети во Скопје и другите градови на државата.

Пред два дена Комисијата за заразни болести (КЗБ) и препорача на Владата да се укинат задолжителните маски и за средношколците, откако се укинаа за учениците во основните училишта и да се дозволи одржување на екскурзиите во основните и во средните училишта кои досега беа забранети како мерка за заштита од болеста. Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ извести дека релаксирањето на мерките ќе продолжи и следната недела. Сепак овие мерки сеуште не се на сила затоа што не се поминати на владина седница и не се усвоени.

„Епиде*иолошката состојба има тренд на надолна линија. Се намалува бројот на хоспитализации, се празнат болничките капацитети, имамае намалување на бројот на новозаразени и во насока на тоа КЗБ одлучи да даде препорака за укинување на маските во средните училишта, откако претходно помина и одлуката за укинување на маските за основните училишта. Се донесе и уште една одлука, а тоа е да се овозможи организирањето екскурзии за учениците од основните и од средните училишта. За укинување на останатите мерки кои се уште се во сила ќе почекаме уште една недела“, рече Мехемдовиќ.

Тој нагласи дека трендот е позитивен и дека доколку така продолжи веќе следната недела на дневен ред на Комисијата може да се најде укинувањето на маските и на факултетите како и други мерки кои треба да се укинат.