Алсат дознава: Се очекува препорака за укинување на потврдите за имунизација на граница

|

Алсат, дознава дека Комисијата за заштита од заразни болести се очекува денеска да препорача укинување на потврдите за им*низација при влез во земјава.

Како што е најавено, Комисијата во 13:30 часот треба да одржи состанок на кој се очекува да биде разгледан овој предлог.

Инаку, од денес повеќе не се потребни заштитни маски за влез во затворен простор со исклучок на аптеките, старечките домови, здравствените домови и при користење на јавен превоз.

Исто така се укина и мерката за изолација на контактите на потврден позитивен случај. За нив останува задолжителното носење маска до 7 дена од последниот контакт со заразеното лице при влез во затворен простор.