На 10 мај, Меркур ќе го започне своето движење наназад во разиграниот и паметен знак Близнаци, а потоа ќе се пресели во Бик на 22 мај. На 3 јуни ќе почн да се движи директно. Ќе ни биде отежната комуникацијата, но тоа не е ништо со кое не можеме да се справиме.
Овен
Додека Меркур е во ретроградно движење внимавајте на вашиот тон. Секогаш живеете во моментот со директна идеја. Никогаш не се воздржувате од изразување на вашите мисли и чувства, но во моментов, вашето однесување ќе биде претерано. Размислете пред да зборувате! Само така ќе се спасите од непотребни конфликти.
Бик
Обрнете внимание на вашата банкарска сметка. Вашите вештини за управување со пари недостасуваат во последно време. Ако не ги промените вашите навики за трошење, за време на ретрограден Меркур ќе ви се одразат сериозно во секојдневието. Погледнете го вашиот буџет, исфрлете ги сите непотребни трошоци и ќе бидете во ред.
Близнаци
Вие сте најголемите муабетчии во зодијакот, но навистина треба да се обидувате да слушате повеќе за време на ретрограден Меркур. Пропуштате прекрасни разговори и неверојатни врски, но ако можете само да ја затворите устата и да слушате, ќе направите сите ваши врски повторно да напредуваат, наместо да стагнираат.
Рак
Луѓе од минатото се враќаат во вашиот живот. Љубовници, поранешни пријатели, поранешни соработници, секакви луѓе со кои не сте ги разрашиле односите се појавуваат лево и десно. Вашата работа во моментов е да им се обратите на сите и да откриете како да продолжите понатаму или да најдете начин да започнете одново.
Лав
Некои од вашите пријатели се однесуваат чудно во моментов, а можеби дури и ќе откриете дека има неколку непријатели во вашиот тим. Наместо да озборувате, бидете возрасни и обидете се да зборувате за работите. Можеби ќе треба да се разделите со „пријател“ или двајца, но тоа само значи дека ќе имате простор во животот за вистински пријатели во иднина.
Девица
Сите очи се вперени во вас во моментов. Секој успех и недостаток, особено на работа, привлекува тони внимание. Тоа значи дека е важно да дадете сè од себе. За жал, не добивате вашиот труд нема да биде награден веднаш, но продолжете да притискате. До крајот на ретрограден Меркур, лесно може да дојдете до унапредување или покачување.
Вага
Ако имате некакви планови за патување за време на ретрограден Меркур, четирикратно проверете ја вашата агенда, посебно кога станува збор за транспортот. Мора да бидете сигурни дека секоја ситница е испланирана и земена во предвид. Дајте си многу простор за промени за да се справите со какви непланирани ситуации.
Скорпија
Ретроградниот Меркур ве тера да ги измерите вашите односи. Исто така, од вас се бара да откриете кои се вашите желби наспроти вашите потреби и ви се дава многу време да ги средите сите чувства и мисли што ви се вртат низ умот. Дали ја добивате истата количина на љубов и внимание што го давате? Треба да ги балансирате односите и да преговарате со партнерот.
Стрелец
Има промена во однесувањето на вашиот партнер. Шпекулирате за тоа што се случува, и може да избрзате во донесување заклучоци. Додека Меркур е ретрограден важно е да разговара. Ако се оддалечени, прашајте зошто. Ако се конфликтни, прашајте зошто. Работете со нив за да најдете решение, дури и ако тоа решение значи раскинување.
Јарец
Животот на работа ве убива. На целата таа работа што ве чека и никогаш не сте ја завршиле ѝ дојде време. Треба да се фокусирате и да се реорганизирате. Отстранете ги вашите нездрави навики, почнете да правите попродуктивни избори и животот ќе ви биде многу полесен по ретроградното движење на Меркур.
Водолија
Ретроградното движење на Меркур не влијае многу врз вас. Не сте премногу самоуверени, се чувствувате малку срамежливо и помалку се изразувате. Повторно поврзете се со вашето внатрешно дете. Направете нешто забавно, одете некаде што ве потсетува на вашето детство и бидете креативни. Најдете кој или што ве прави среќни и уживајте.
Риби
Ретроградниот Меркур ви сигнализира дека на животот дома му треба рестартирање. Семејството или цимерите реагираат, апаратите се расипуваат и лесно е да се чувствувате преоптоварени. Разговарајте за вашите проблеми со луѓето со кои делите дом, поправете го расипаниот тостер (или набавете нов) и ќе се чувствувате помирно.