Во чест на 20-годишнината од фестивалот Квир Загреб, хрватската пејачка Северина позираше држејќи знаме со виножито на балконот на Хрватскиот народен театар во хрватската престолнина.
„Со насмевка на лицето и љубов во моето срце. Ние што само се трудиме да си го живееме животот мирно, а лошиот систем не ни дава… Дури и кога законот не штити. Сите ние, луѓето со отворено срце, хетеро, геј, би, трансродови, ние кои ги нарекувате „чудни“ и „ненормални“, а понекогаш и „неморални““, напиша таа.
Таа изјави и дека е една од оние кои не живеат од државата, исто како и актерите на претставата „Јира, Јира“ со која беше отворен јубилејниот 20. Квир Загреб фестивал.
Таа го цитираше Миљенко Смоја, кој одамна рекол: „Кога таа работа имала врска со моралот?“.