Винона Рајдер е омилена ѕвезда со децении. Без разлика дали сте ја гледале во филмот Beetlejuice од 1988 година, или неодамна сте ја забележале во хит-серијата на Нетфликс Stranger Things, веројатно сте забележале дека изгледа како воопшто да не старее.
Многумина со години се фасцинирани од нејзиниот младешки сјај и со право се прашуваат како успева во тоа од 50-та година од животот. Таа тврди дека тајната е во тоа што го прифатила стареењето.
„Обожавам што стареам. Бев многу возбудена кога наполнив 40 години. Како што старееш, стануваш сè повеќе свој, а улогите, дури и да се помали, ми се поинтересни“, изјави таа.
Таа се држи настрана од ботоксот, а уште една навика и помогна да расте грациозно – престанала да пуши и само повремено се почестува со алкохол. Ова има смисла бидејќи истражувачите кои ги проучуваат најдолговечните луѓе во светот откриле дека повеќето од нив следат избалансиран стил и не се воздржуваат и можат без страв да си ја дозволат омилената храна и пијалок.
На пример, жителите на Сардинија во Италија пијат црвено вино секој ден кога се меѓу пријатели. Кејн Танака, кој живеел до 119 години и бил најстариот човек на светот, редовно пиел кока-кола и кафе и јадел чоколадо. И сестра Андре, која сега го држи местото на најстарата личност на светот, пие многу црвено вино како дел од нејзината рутина.