Проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија и хумана генетика кој и е претседател на Комисијата за заразни болести денес беше гостин во емисијата Магазин на Сител каде ја прокоментира новонастанатата ситуација со бројот на заразени кај нас.
– Се надеваме дека новиот бран кој е во зачеток во Европа и кај нас, ќе биде налик на обична настинка и наскоро ќе престанеме да мислиме на тестирањата, изолации и слично, вели тој.
Докторот додава дека во моментов има само осум пациенти хоспи тализирани со оваа болест.
– Наша обврска е сега кога бројките растат да го опоменеме населението дека панде мијата не е завршена и дека просто треба да мислиме на болеста со цел да излеземе и од овој бран со мали последици. Иако бројот расте, нема простор за пан ика – кажа Петличковски.
Инаку, Комисија за Заразни болести на вчерашниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи во однос од минатата недела, зголемувањето изнесува 65.8%.
Од таму дополнително препорачуваат до граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да користат општите мерки за лична заштитна, а тие се: заштина маска, одржување растојание и одржување на лична хигиена особено при посета на затворени и невентилирани простории.
Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените на истата ќе донесе советни препораки.