Хана, Ана и Луна ќе бидат имињата на трите бели лавици кои се родија во Зоолошката градина во Скопје пред четири месеци.
Овие имиња беа избрани меѓу 3.000 предлози што посетителите во изминатите десетина дена ги оставиле во кутиите на влезот во објектот, како и на фејсбук страниците на зоолошката градина и Град Скопје.
Изминатите денови добивме над 3000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје. Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана.
Да ни се живи и здрави и да не радуваат уште многу години, стои во објавата на Skopje ZOO/Зоолошка градина Скопје на Фејсбук.