Времето денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ= 9
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. T= 32 °C, P= 979 hPa, U= 28 %, V= 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Утре во текот на денот најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). УВ=6
Предупредување:Утре во текот на денот под влијание на влажен бран, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во сабота претпладне и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Температурата ќе опадне за 7 до 9 степени.
Во Скопје од утре попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме.