Земјотрес jа стресе Германија

ИЗВОРНов Лист
|

Земјотрес денеска пред неколку часа ја стресе Германија. Првичните информации за земјотресот беа дека е со јачина 4.1 степен по Рихтеровата скала, подоцна сменети во 4.2 степени. Земјотресот се почувствувал на многу места од Ротенбург на запад до Плинген на истокот од земјата, јавуваат германските медиуми.

Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на 9 километри од Балинген. Според првичните податоци, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.