УЛОГАТА НА ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА ГЛОБАЛНАТА ПАНДЕМИЈА

ИЗВОРArh
|

Градежната индустрија има важна улога и во периодот на глобалната пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19. Постојат четири начини преку кои градежната индустрија може да доведе до економско закрепнување поради последиците од глобалната пандемија и тоа:

1. Обезбедување на одржливост преку проекти и инвестиции:
Во периодот на глобалната пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19, најголем акцент во градежната индустрија беше ставен на проектите за одржување, кои многу побрзо се одобруваат, за разлика од проектите за изградба на објекти. За малите или средните градежни компании ваквите проекти се предност, бидејќи владата често се обраќа кон меѓународни изведувачи за проекти од поголеми размери.

2. Користење на трудо-интензивни градежни методи:
Како последица на глобалната пандемија, еден од клучните проблеми во националните економии е порастот на невработеноста и сиромаштијата. Во денешни услови, многу компании ја прифаќаат технологијата, како што е на пример софтверот за управување со трошоци. Сепак, градежништвото е една од ретките индустрии, каде што сеуште може да се ангажира работната сила. Поради тоа, во областите со висока стапка на невработеност или ниски плати, се дава препорака градежните компании да применат методи за градење или поправка засновани на работна сила. Ова ќе обезбеди можности за вработување на повеќе луѓе за време на траењето на проектот и ќе ја намали стапката на невработеност.

3. Обезбедување на рамнотежа за време на големи градежни проекти:
Градежните проекти носат со себе и низа т.н. “разбранувачки ефекти” врз економијата. Кога се работи на големи градежни проекти, добро е да се ангажираат локалните бизниси и работната сила. Преку ангажирање на локални работници и користење на суровини од локални извори, градежниот проект директно може да влијае во насока на подобрување на локалниот бизнис. Од друга страна пак, работниците кои се ангажирани на проектот, често пати имаат потреба од различни услуги, како на пример, храна и сместување. Локалните бизниси во таа област, од локални ресторани до кафулиња, домови и бензински пупми, можат да ги задоволат тие потреби. На тој начин, градежните проекти индиректно придонесуваат за економското закрепнување во таа област.

4. Промовирање на зелена инфраструктура:
Инвестициите во зелената инфраструктура ќе имаат важна улога во постигнување на економското закрепнување после КОВИД-19. Градежните фирми можат да помогнат во закрепнувањето на националните економии, преку прифаќање на зелената инфраструктура. Еден начин да се направи ова е употребата на обновливи извори на енергија, како на пример соларните панели во домаќинствата и комерцијалните згради. За да успее ова, неопходно е прифаќање на проекти на национално ниво, кои ќе влијаат на транспортниот сектор во насока на усвојување на електрифицирани транспортни системи и промовирање на обновувањето на екосистемот.
Извор: Arh.mk