Обожавате ражничи, но немате соодветна скара за да ги подготвите истите? Без грижи, денес со вас споделуваме златен рецепт со кои ражничите ќе бидат повкусни од било кога!
Состојки: 1 кг свинско месо, 4 домати, 3 кромиди, По вкус сол, По вкус мелен црн пипер.
Начин на подготовка: Исечете го свинското месо на парчиња со размер 4-5 цм. Додадете сол и мелен црн пипер кон месото, како и од вашите омилени зачини.
Кромидот, исечен на 4 дела, разделете го на неговите слоеви и додадете го кон месото.
Излупете ги доматите и изрендајте ги. Може да го додадете и нивниот сок кон месото.
Оставете го месото во смесата 30 минути, за да може правилно да се маринира.
Земете дрвени стапчиња и на истите поставете ги парчињата месо заедно со кромидот.
Земете плик за печење и во истиот поставете ги приготвените ражничи. Поставете ги истите во еден ред, за да го овозможите печењето подеднакво од сите страни.
Загрејте ја рерната на 200°C и поставете ги ражничите да се печат 40 минути.