Како што објави сопругата Нина, македонската ракометна легенда, голманот Борко Ристовски наскоро ќе стане татко по втор пат.
По малото синче Душан, „министерот за одбрана“ како што го нарекуваат навивачите очекува принова, која инаку ќе биде втора за среќниот пар.
Убавата вест дека „штркот по втор пат ќе долета“, ја објави сопругста Нима со фотографија од плажа на која веќе се забележува нејзиното поднараснато трудничко стомаче.
„Мајка на 2 (лавчиња исцртани со емотикони)“, напишала сопругата на Борко. Полот на бебето се’ уште не го откриваат, а веројатно и за името е рано, иако според најавата, ако може да се претпостави, симболот на лавчињата можеби упатува на две машки деца, што значи дека и второто ќе биде – син?
Сепак, што и да е, бебето нека е само живо и здраво. Под објавста се нижес безброј честитки за заљубениот пар!
Извор: Вистина.мк