|
Како што објавија дел од медиумите мистериозен џип со норвешки регистерски ознаки бил оставен празен денес на сред улицата „Прашка“ во населбата Тафталиџе.
Имено, автомобилот покрај тоа што го попречувал сообраќајот, го привлекол вниманието на минувачите, но и на полицијата, која дошла на лице место да провери за што се работи.
Според информациите на Нова тв, во возилото немало ниту еден човек, но истото долго време стоело во таа позиција со вклучени трепкачки светла.
Засега не е позната причината зошто автомобилот бил оставен на сред улица. Повеќе информации подоцна.