Веднаш ќе го снема бигорот: Идеален спреј за чистење, не остава траги од вода

ИЗВОРНов Лист
|

Ако сакате да се ослободите од бигорот дома, особено на плочките и кадата, самите можете да направите ефикасно средство за чистење.

За овој домашен спреј потребни ви се:

150мл алкохолен оцет
150 мл детергент за садови

Најпрво загрејте го оцетот па ставете го во шише со распрскувач. Додадете го детергентот и протресете за да се измешаат состојките. Испрскајте ја кадата и оставете да отстои 30 минути. Потоа, пребришете ја со сунѓер и исплакнете ја со топла вода.