Времето денес ќе биде претежно сончево и потопло, со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната од 26 до 34 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во следниот период и понатаму ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде недела кога во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.