Постариот син на Сашо Мијалков и Александра Мијалкова стапи во брак со својата партнерка.
Јордан Мијалков и Анастасија направија прекрасна свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.
Инаку, Анастасија е косопственик на концептуалната продавница „URMA“ која ја има заедно со својата сестра Александра, сопруга на познатиот актер Атанас Атанасовски.
Анастасија избра едноставна кратка венчаница која го истакна нејзиниот труднички стомак, додека Јордан остана верен на класиката и избра црн смокинг со раскопчана бела кошула.
На свадбата присуствуваа и Александра и Атанас. Александра избра интересна креација во црвена боја, додека Атанас пристигна во сиво црна комбинација.