МВР повторно со апел до граѓаните – Ако ги препознаете овие лица, пријавете ги

ИЗВОРНов Лист
|

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од лицата, како што се шесте од објавените фотографии, кои на 05.07.2022 недолично се однесуваа за време на ненајавениот протест, фрлајќи тврди предмети кон полицискиот кордон и објектот на Собранието, при што беа повредени 47 полициски службеници, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.


Министерството за внатрешни работи уште еднаш со апел до граѓаните да не дозволат да бидат вовлечени во вакви случувања, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.

Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција останува гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани.